Канатларовски повика нови имиња во младата репрезентација за дуелите со Ф. Острови и Ерменија, Николов од Вардар и Тодоровски од Работнички

3 mins read

Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за октомвриските квалификациски натпревари за пласман на Европско првенство 2023. Нашата селекција на 7. октомври игра против Фарски Острови во Клаксвик, а четири дена подоцна гостуваме во Ереван против Ерменија.

Селекторот на репрезентацијата, Драги Канатларовски се соочува со низа проблеми поради неиграњето на неколку стандардни првотимци. Метју Божиновски и Стефан Чолаковски поради административни Ковид-19 протоколи и ограничувања не беа во можност да допатуваат од Австралија. Поради повреда отпаднаа Агон Елези и Енис Фазлагиќ.

Селекторот Канатларовски прати дополнителен повик за Иван Николов од Вардар и Димитар Тодоровски од Работнички. Двајцата веќе се приклучија на репрезентативниот тим.

Чуварот на мрежата на Македонија и еден од најдобрите поединци на последниот квалификациски дуел против Србија, Давид Денковски верува дека оваа репрезентација на Македонија поседува квалитет и ќе се избори за позитивни резултати на двата меча кои ни следуваат.

– Не очекуваат две тешки гостувања против Фарски Острови и Ерменија. Ќе дадеме се од себе за да ја оствариме зацртаната цел, а тоа е освојување на максимални шест бода од двата натпревари. Против Франција и Србија очекувавме повеќе, посебно на резултатски план, но освоивме само еден бод. Се надевам дека сега нема да ги повториме грешките од претходните средби и ќе ги оствариме првите две победи во квалификацискиот циклус. Имаме одличен тимски дух, сите сме подготвени да дадеме се од себе за дресот на Македонија – вели Канатларовски.

Напаѓачот во младата репрезентација и член на Шкупи, Марко Ѓорѓиевски се надева дека нашата репрезентација ќе ја оправда фаворитската улога на двете гостински средби.

– Фаворити сме на двата натпревари, но тоа не мора да значи апсолутно ништо. Видовме дека една Франција не успеа да слави победа против Фарски Острови. Се работи за репрезентација која игра добар фудбал, посебно на домашен терен. Нашата цел е јасна, а тоа остварување на победа на двете средби. Имаме неколку нови играчи на овој собир, со оглед на тоа што имаме неколку клучни фудбалери што се повредени. Селекторот има јасни идеи, ги презентираше уште на првиот собир, верува многу во потенцијалот кој го има оваа селекција. Функционираме одлично со него, ги слушаме советите и инструкциите што ни ги дава, имаме тешка група, но чекор по чекор можеме да се надеваме на позитивни резултати и остарување на добар пласман.

Репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот Драги Канатларовски во воведните две кола од квалификацискиот циклус загуби од фаворитот Франција со 3:0 и одигра нерешено без голови против Србија на домашен терен.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МНР: Одлуката на Русија за протерување наш дипломат, возвратна политичка одлука без мериторна основа

Следно

Доаѓа млада месечина: На овие 4 хороскопски знаци ќе делува многу интензивно!

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian