Ибрахимовиќ за роденден се почести со автомобил вреден 450.000 евра кој е произведен во само 499 примероци

1 min read

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ вчера во Милано во друштво на блиски пријатели го прослави 40 роденден, но и понатаму не мисли да стави крај на богатата кариера.

Ибрахимовиќ е еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, а според него и со 40 години сњ чувствува одлично и со нетрпение го очекува настапот за Милан по повредата.

Фудбалерот на Милан за роденден одлучи да се почести со специјален подарок вреден 450.000 евра. Златан на социјалните мрежи се пофали дека за роденден си купи Ферари СФ90 Страдале кој е произведен во само 499 примероци.

СФ90 Страдале е првиот плаг-ин хибриден Ферари кој го покренува четирилитарски В8 твин-турбо мотор потпомогнат со три електромотори.

Интересно е што Ибрахимовиќ и за 38. и 39. роденден исто така се почести со скапоцени автомобили.
Пред две години си купи Ферари Монца СП2, а минатата година се почести со Порше 911 Тарга.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Одлуката за оставките откако МВР ќе го објави извештајот за пожарот во Тетово

Следно

Курти: Реципроцитетот не е одмазда, туку принцип на добрососедски односи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian