Полицијата во Грција денеска го прекина сообраќајот пред парламентот во центарот на Атина, откако маж со камион паркирал на тротоарот пред зградата и се заканувал со резервоар со пропан и шише гас.
Полицијата го уапсила човекот кој управувал со камионот и го идентификувала како 58-годишен земјоделец, наведувајќи дека можеби страда од проблеми со менталното здравје, објави грчкиот весник „Катимерини“.
58-годишникот утрово околу 10 часот со својот камион застанал пред Собранието на плоштадот Синтагма и се заканил дека ќе се разнесе.
Ова доведе до итно затворање на околните улици и мобилизација на специјалистите за отстранување бомби.
Експертите не пронашле експлозивна направа кај човекот, ниту во неговиот камион.
Натписот „Турците владеат со Грција. Докази внатре” бил видлив на страната на возилото, објави АП.
Тензиите продолжуваат: Турција го принуди на повлекување кипарскиот истражувачки брод во Медитеранот