ФОТО | Малиот рај на Јуле во Драчево: Вака се ужива во хобито од младоста

2 mins read

Денес сме во населбата Драчево во преубавиот двор на Јулијана Шероска-Мисиркоска, домаќинка, сопруга и мајка на две деца.

Нашата соговорничка со одгледување на цвеќе се занимава, како што нагласува – исклучиво од хоби, од својата 15 годишна возраст.

фото-приватна архива

– За уредување на мојот двор одговорноста е моја, но имам значителна помош и од мојот сопруг кој несебично ми помага во сè што ми е потребно за да ги реализирам моите желби и замисли како да изгледа нашиот двор, ни вели Јуле.

Дворот се простира на околу 100 метри квадратни.

-Иако дворот не е многу голем, јас се потрудив да изгледа како еден мал рај во кој уживам секојдневно, каде го пијам првото утринско кафе и уживам во раскошот на убавите цвеќиња, ни објаснува нашата насмеана домаќинка.

Според Јуле, како и секоја работа што бара посветеност така и цвеќињата си бараат да им посветиш време и што е најважно – многу љубов!

– Јас со голема љубов им се посветувам на цвеќињата уште од рано наутро. Кога сте вљубени во своето хоби не ни обрнувате внимание колку време сте потрошиле, затоа што секој миг уживате во убавината, иксрена е Јуле.

Вели дека сите цвеќиња ѝ се омилени, но дека ако, ете, треба да издвои едно, тоа би биле бугенвилиите кои премногу ги сака и ги има десет на број, речиси во сите бои.

– Ми недостига од нив само уште некоја боичка, ама ќе биде и тоа, се смее нашата цветна дама. Посебни се, едноставно не бараат многу, а даваат премногу, цело лето ме радуваат со „букет од цветови” што ми го прават дворот посебен.

Во дворот има и цвеќиња кои се зимоотпорни и тие не бараат никаква грижа во периодот на студените денови. Така, во зима, дворот е зелен со нив

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Николов: Потребна ни е победа над Лихтенштајн за поголема самодоверба

Следно

Д-р Петличковски: Идеално е да се тестираат сите ученици

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian