Уште едно манекенско деби на децата на познатите – Ив Џобс зачекори на пистата за прв пат на ревијата за брендот „Coperni“.
Ив Џобс, ќерката на основачот на брендот „Apple“ Стив Џобс, се појави на ревијата на брендот „Coperni“ за бреме на Париската Модна Недела и го оствари своето манекенско деби.
View this post on Instagram
Иако ова е нејзинот прво чекорење по манекенската писта, Џобс ја воодушеви публиката зачекорувајќи покрај моделите Џиџи Хадид, Палома Елсезер и Адут Акеч.
View this post on Instagram
Новата манекенка носеше неон зелена ролка спарена со војничко зелено мини здолниште, римјанки на платформа и оклопни очила, а аутфитот го надополнуваше новата „Оригами“ чанта во форма инспирирана од иконата за апликацијата „Photos“ на „iPhone“ дизајнирани од Арнауд Валијант и Себастиен Мејер.
View this post on Instagram
На својот инстаграм-профил Ив објави фотографија на која може да се забележи листот со редослед и планиран аутфит од зад сцената, несокривајќи ја возбудата што е дел од шоуто.
„Не можам да најдам зборови да опишам колку е неверојатна оваа колекција. Ми беше чест да сум дел од визијата Коперни. Честитки на моите сакани Арнауд, Себастиен, и целиот тим!“, напиша Ив на објавата, надополнувајќи ја со „емоџи“ срце.
View this post on Instagram
Иако ова е деби на пистата за 23-годишната наследничка, таа веќе има обиди во светот на маркетингот.
Минатата година таа се појави на рекламната кампања на Glossier покрај Сидни Свинеј и Наоми Смалс.
View this post on Instagram
Освен успешното лансирање во модниот свет, таа е и натпреварувач во јавање коњи, а неодамна можеше и да се пофали со второто место на „Venue d’Fees Des Hazalles“.
View this post on Instagram
Извор: www.slobodenpecat.mk