ДУИ од Врапчиште: Анализирајте ги сите програми на политичките партии и одлучете кој заслужува да ја води општината

2 mins read

Демократксата унија за интеграција (ДУИ) изборните активности вечерва ги продолжи во Општина Врапчиште, каде беше претставен кандидатот за градоначалник Неби Реџепи и листата на кандидати за советници.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети пред присутните граѓани истакна дека за менаџирање на државата потребен е силен и специјализиран кадар од различни области, а, како што рече, ДУИ ги има.

– Тука сме сите заедно за да ја потврдиме силната подддршка што ќе ја има кандидатот Неби Реџепи за да ја води општината во наредните четири години. Ова е инвестицијата што ја има направено ДУИ, бидејќи позади Неби стојат силен кадар од многу области како финансии, економија, животна средина,затоа што има и такви што мислат дека секој може да води и владее, но не е лесно да се менаџира една општина и држава, без специјалисти и подготвени луѓе. Тука, ние го изгласавме законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк, тука е иднината, тука се нафтените бунари и Шар Планина нема замена бидејќи ни е подарок од Бога, треба да ја изградиме и да ја направиме привлечна за да ја посетат од целиот свет. Зелената агенда е исто толку национална колку и националните прашања што сме ги решиле досега, Зелената агенда е исто толку важна колку и националното знаме, рече Ахмети.

Кандидатот за градоначалник на Врапчиште Неби Реџепи истакна дека неговата програма не е само ветување, туку целосна одговорност која му е дадена. Тој потенцираше дека имаме обврска да создадеме и подобриме основни услови за живот за сите граѓани.

– Во овој предизборен период, би било добро да ги анализирате сите програми на политичките партии што ќе учествуваат на овие избори во нашата земја и потоа одлучете кој заслужува да ја води нашата општина во следниот мандат. Имаме обврска да создадеме и подобриме основни услови за живот за сите граѓани, рече Реџепи.

ДУИ на овие локални избори учествува со 19 кандидати за градоначалници и 35 советнички листи. ДУИ изборната кампања ја продолжува во Општина Теарце.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Талибанските владини сили извршија напад врз ќелија на ИД на северот од Кабул

Следно

ФОТО: Како во најлошиот сон, жена од Ужице пронашла змии на вториот кат во куќата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian