Барак и Мишел Обама ја прославија својата 29-годишнина од брак и си посветија емотивни објави на своите инстаграм-профили.
Поранешниот американски претседател Барак Обама (60) и неговата жена, поранешната прва дама, Мишел (57) си разменија пораки и „емоџи“ срциња во објави по повод годишнината од нивна силна љубов и брак.
„Среќна годишнина, Мишè! Во текот на изминатите 29 години, сакав што го гледав светот како те запознава не само како ќерка на Јужната Страна, но и како мајка, адвокат, извршен директор, автор, Прва Дама, и мој најдобар пријател. Не можам да го замислам мојот живот без тебе“, напиша Барак.
View this post on Instagram
Мишел ја надополни овогодишната фотографија во својата објава со уште една фотографија од нивните почетоци, каде се гледа дека иако поминале многу заедно низ годините, тие се сè уште емотивни еден за друг.
„Како започна версус како е сега. Среќна годишнина , Барак – те сакам!“, напиша Мишел.
View this post on Instagram
Обама важат за една од најискрените и најромантичните претседателски и јавни двојки, која и покрај завршувањето на претседателскиот мандат на Барак се сè уште активни во јавниот живот.
Неодамна тие проговорија и за тешките моменти во нивниот живот, објавувајќи ги во одделни мемоари.
„Немавме примери за тешките времиња бидејќи нашите родители, нивната генерација беше учена да не зборува за бракот и дефинитивно не зборуваш за тешките времиња. Така што, кога си млад и излегуваш и растеш семејство заедно, никој те нема подготвено за фактот дека ќе има времиња кога ќе треба да ги посветите вашите енергии на други нешта“, изјави Мишел.
View this post on Instagram
Таа продолжи објаснувајќи ја разликата помеѓу периодите пред и по влегувањето во Белата Куќа, додавајќи дека имале среќа што имале доволно силна основа да ги пребродат тешкотиите заедно.

Обама се заедно 32 години, од кои 29 години се во брак и имаат две ќерки, 23-годишната Малија и 20-годишната Саша.
View this post on Instagram
Извор: www.slobodenpecat.mk