Апел на ФИФА до фудбалерите: Вакцинирајте се

1 min read

Светската фудбалска федерација (ФИФА) апелираше на фудбалерите низ целиот свет да се вакцинираат против коронавирусот.

„Ние ја поттикнуваме вакцинацијата против коронавирусот и го поддржуваме ставот на Светската здравствена организација дека безбедниот, фер и праведен пристап до вакцините во сите држави е одлучувачки во битката со коронавирусот. Фудбалерите не треба да имаат приоритет кога станува збор за вакцинацијата“, стои во соопштението на ФИФА.

ФИФА овој апел го упати откако британската влада донесе одлука вакцинираните фудбалери кои при враќањето од репрезентативните натпревари да не мора да одат во хотелски карантин иако натпреварот е играт во држави кои се наоѓаат на „црвената листа“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Виенски институт за меѓународни економски студии: На ЕУ и е потребна нова стратегија за Западен Балкан

Следно

Странци со лажни пасоши и фалсификувани пари фатени на аеродромот во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian