Американските научници Џулијус и Патапутијан се Нобелови лауреати во медицината

1 min read

Американските научници Дејвид Јулиус и Ардем Патапутијан се добитници на годинешната Нобелова награда за физиологија или медицина за откривање на рецептори за температура и допир, објави денеска Комитетот за награда.

Нобеловата награда во оваа област ја доделува Шведската кралска академија и е вредна 10 милиони шведски круни или 1,1 милион долари.

Користејќи клетки чувствителни на притисок, Ардем Патапутан откри нова класа сензори кои реагираат на механички дразби во кожата и внатрешните органи.

Јулиус користел капсаицин, соединение од чили пиперка што предизвикува пецкање, за да идентификува сензор во нервните завршетоци на кожата што реагира на топлина.

Револуционерните откритија на овогодинешните добитници на Нобелова награда за физиологија или медицина објаснија како топлината, студот и допирот можат да предизвикаат сигнали во нашиот нервен систем.

Идентификуваните јонски канали се важни за многу физиолошки процеси и состојби на болести

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Турист од Португалија приведен поради кражба

Следно

Одлуката за оставките откако МВР ќе го објави извештајот за пожарот во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian