ВИДЕО+ФОТО | Кога венчавката ќе се претвори во кошмар: Младоженец останал парализиран откако пријателите го фрлиле во воздух

2 mins read

Највеселата ноќ се претворила во кошмар за младоженецот кој останал неподвижен по прославата на сопствената венчавка која во секунда се претворила во битка за нормален живот.

Новопечениот младоженец Ливију Филимон (31) од Романија уживал на венчавката, кога неговите пријатели одлучиле да го прослават бракот, фрлајќи го во воздух. Тоа е обичај што се практикува низ целиот свет, и тоа не само на свадбите, но за да се избегнат повреди или несреќи, клучно е човекот да не заврши на подот, пренесува „Одити сентрал“.

Во случајот со Филимон, работите не оделе според планот, па младоженецот завршил во болница со неколку фрактури на ‘рбетот. Виралното видео од инцидентот го покажува младоженецот како го фаќаат пријателите додека се приближува до подиумот за танц, а потоа го фрлаат во воздух. Успеваат да го фатат првиот пат, но по вториот, момчињата не биле синхронизирани, што довело до тоа Филимон да одлета и да тресне на подот.

За жал, неговите пријатели направиле уште една грешка, кога повредениот младоженец нестручно го кренале и го поставиле на столот, наместо да го остават во истата положба додека не пристигне брзата помош. Падот предизвикал неколку повреди на ‘рбетот, а на патот кон болницата, Филимон можел да ја помести само левата нога, додека десната не ја ни чувствувал.

За среќа, ситуацијата се подобрила во текот на ноќта и Филимон почнал да ги чувствува двете нозе, но бил задржан на болничко лекување. Откако споделил селфи од болницата, тој им признал на новинарите дека контактирал со адвокатот, но дека сѐ уште размислува дали ќе тужи некого.

Од друга страна, свадбата продолжила дури и откако младоженецот отишол во болница, па гостите ги забавувале неговите родители и невестата.

Необичниот инцидент го пренесоа сите медиуми, а на социјалните мрежи, постапката наиде на осуда.

Сите се согласуваат дека обичајот да се фрла младоженецот во воздух е „глупавост“.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фото: Комити грмат на трибини, Вардар доминира на теренот против Кадино

Следно

Филипче и Наумоски: Со изградба на Клинички центар Ѓорче Петров ќе добие можност за дополнителен развој

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian