ВИДЕО: Еспањол ги шокира „кралевите“, прв пораз за Реал Мадрид

1 min read

Фудбалерите на Еспањол направија вистинско изненадување во осмото коло во Ла Лига победувајќи го Реал Мадрид со 2:1.

Ова воедно е прв пораз за Реал Мадрид сезонава, но и понатаму остана на лидерската позиција на табелата со 17 бодови, исто колку што има и Атлетико Мадрид.

Домашните фудбалери воопшто не се исплашија од податокот дека за противник го имаат Реал Мадрид и уште од првата минута играа офанзивно. Таквиот пристап им се исплатеше во 17 минута кога Де Томас по асистенцијата на Ембард го отвори резултатот.

Во второто полувреме, Алеш Видал во 60 минура му донесе водство на Еспањол од 2:0 и ја најави победата. Домашниот тим имаше неколку изгледни шанси за да оствари поубедлива победа, како таа на Дардер во 64 минута кога неговиот шут заврши покрај голот на Куртоа.
Реал успеа да намали преку Карим Бензема во 71 минута, само три минути откако му беше поништен гол поради офсајд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев упати честитка до СР Германија по повод Денот на германското единство и повторното обединување

Следно

ФОТО | Филипче сподели фотографија со Катерина Ивановска и се пошегува на своја сметка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian