ВИДЕО | Емили Ратајковски го обвини пејачот: Ме фати за голите гради на снимањето на спотот за „Blurred Lines“

3 mins read

Иако нејзиното појавување во спотот за песната „Blurred lines“ на пејачот Робин Тик ѝ ја обезбеди планетарната слава и голем број деловни ангажмани, една од најпознатите манекенки во светот Емили Ратајковски немала убаво искуство на неговиот сет, за што проговорила во сопствената книга насловена „Моето тело“.

Кога во 2013 година се појави спотот за песната „Blurred Lines“, денес 30-годишната Ратајковски преку ноќ стана светска сензација, а во својата нова книга „Моето тело“ таа изнесе низа тврдења поврзани со настанувањето на видеото кое ја прослави.

Според нејзините зборови, музичарот Робин Тик во текот на снимањето на спотот ги допирал нејзините голи гради.

„Одеднаш, ненадејно, ги почувствував студените раце на странец на моите голи гради. Тој стоеше зад мене. Веднаш се отргнав, а потоа го погледнав зачудено“, напишала Емили во книга која ќе биде објавена во ноември.

Ратајковски беше една од трите манекенки кои се појавууваат во спотот за песната со која Тик стекна светска слава.

Како што понатаму открива, пејачот се напил за време на снимањето на спотот, не можел да стои на нозе и почнал да се однесува грубо, поради што режисерката на видеоспотот, Дијана Мартел, го прашала дали е добро.

Поради нејзиното искуство на снимањето на спотот за песната „Blurred Lines“, Емили се чувствувала понижена во студиото и по инцидентот избегнувала контакт со очите со сега 44-годишниот музичар.

Тврдењата изнесени од Емили против Тик ги потврдила и самата режисерка на спотот, велејќи дека подоцна тој одлучил да се извини за својата постапка.

– Стоеше зад неа и со двете раце ги фати нејзините гради. Веднаш почнав да му викам затоа што не ми беше јасно што прави. Тогаш реков и дека снимањето е завршено – објаснила таа и додаде дека Тик бил пијан. Дијана смета дека музичарот никогаш не би постапил така да бил трезен.

На лош глас песната „Blurred Lines“ дојде и благодарение на тужбата поднесена од семејството на пејачот Марвин Геј, која тврдеше дека песната на Робин Тик е плагијат на хитот на Геј „Got To Give It Up“ од 1977 година. Судот во овој случај застана на страната на семејството на починатиот пејач, а Робин Тик и славниот Фарел Вилијамс мораа да му платат отштета во износ од 7,3 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robin Thicke (@robinthicke)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Митрофанова: САД сакаат да ја потиснат Русија од сите сфери на животот во Бугарија

Следно

Видео : Авион удри во зграда, пилотот и 5 патници загинаа во близина на Милано, на пат кон Сардинија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian