ВИДЕО: Експлозии го потресоа главниот град на Авганистан, само неколку часа по нападот на џамијата

1 min read

Најмалку две експлозии вечерва ги потресоа северните предградија на Кабул, јави локалната агенција Асквала.

Во извештајот на агенцијата се наведува дека станува збор за борби меѓу Талибанците, кои ја преземаа власта во Авганистан минатиот месец, и милитантите на Исламската држава.

До судирот дојде откако најмалку 12 лица загинаа, а 32 беа повредени претходно денеска во бомбашки напад на влезот во џамија во Кабул.

Цел на нападот беше џамија во која се одржа комеморација за мајката на портпаролот на Талибанците Забинула Муџахедин, каде се собраа талибанските лидери, поточно претставници на Министерството за одбрана.

Најмалку осум загинати е билансот од експлозијата на бомба во кабулската џамија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Баба од Грција го „спушти“ на земја славниот готвач: Гордон Ремзи се посрамоти

Следно

Гвардиола збесна, навивач на Ливерпул го плукна Шпанецот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian