ВИДЕО | Баба од Грција го „спушти“ на земја славниот готвач: Гордон Ремзи се посрамоти

2 mins read

Кога сте викате Гордон Ремзи, вие сте познат готвач со популарни ТВ-емиси. Но, кога старица на грчкиот остров Санторини ја критикува вашата храна, тогаш сте во неволја.

Една баба на Санторини на урнебесен начин ја дала својата оценка за кулинарските вештини на славниот готвач Гордон Ремзи – лоша рецензија за салса „верде“ што се подготвува за јадење со ракчиња.

Светски познатиот готвач во рамките на својата емисија со двајца колеги патува низ Грција и готви автентични локални јадења. Во една епизода, се нашол на популарниот грчки остров Санторини, каде што побарал од една баба да го проба сосот што тој го направил.

Ремзи направил сос од салса верде (зелена салса), од состојките што се карактеристични за Санторини, со цел да го доврши јадењето од ракчиња, кое исто така тој го приготвил.

Кога завршил, сосема самоуверено, сосот ѝго понудил на мештанката и бил убеден дека ќе ѝ се допадне, а потоа доживеал целосен шок – од бабата, всушност, немало никаква реакција.

Двајцата готвачи, кои патуваат и готват со Ремзи Џино и Фред, исто така останале шокирани, а по неколку секунди едниот од нив рекол:

„Не ѝ се допаѓа, но не знае како да го каже тоа.“

– Си ставил премногу сол – рекла конечно, предизвикувајќи лавина од смеа. Ремзи исто така се смеел, но црвенилото на неговото лице покажало дека не му баш пријатно.

Сепак, славниот готвач признал дека не ја проценил добро количината на сол во капарите кои ги додал во сосот, па се оправдал со изјавата дека ги нема во Шкотска.

– Сепак, ќе додадам малку шеќер и лимон и да завршам тоа – заклучил Ремзи.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мото ГП: Маркез во Остин им се врати на победите

Следно

ВИДЕО: Експлозии го потресоа главниот град на Авганистан, само неколку часа по нападот на џамијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian