Видео : Авион удри во зграда, пилотот и 5 патници загинаа во близина на Милано, на пат кон Сардинија

1 min read

Мал авион удри денеска во празна, двокатна деловна зграда во предградието на Милано, при што според италијанските медиуми загинале сите шест патници , колку што имало во авионот.

Пожарникарите кои беа на местото на несреќата изјавија дека пилотот и сите пет патници загинале, но нивната националност не е наведена, објави новинската агенција Ла Прес.

Пожарникарите објавија на Твитер дека никој друг не настрадал во несреќата што се случила во близина на метро станицата во Сан Донато Миланезе, мал град во близина на Милано.

Телевизијата Скај ТГ24 објави дека авионот летал од аеродромот Линате во Милано кон италијанскиот остров Сардинија.

Пожарникарите го изгаснале пожарот во зградата, која била во фаза на реновирање и во која за среќа немало жители

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Емили Ратајковски го обвини пејачот: Ме фати за голите гради на снимањето на спотот за „Blurred Lines“

Следно

ССМ: Денеска 92 проценти од работниците требаше да одмараат, а оастанатите да добијат повисоки дневници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian