Трагедија, почина млад ракометар на Охрид

1 min read

Македонскиот спорт денеска е завиен во црно откако животот го загуби младиот ракометар на РК Охрид, Јован Николоски.

Станува збор за 17-годишно момче кое настапуваше за младинските категории на РК Охрид, а раководството на „сино-белите“ попладнево ја потврди трагичната вест.

„ Со длабока тага и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот Јован Николоски. Јован имаше само 17 години, настапуваше во младинските категории. Сочуство до семејството од играчите и управата на клубот, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш. ГРК Охрид“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Филипче и Наумоски: Со изградба на Клинички центар Ѓорче Петров ќе добие можност за дополнителен развој

Следно

ФОТО | Познатата манекенка Натали Грубовиќ сподели семејни фотографии: Малата Натали наполни 4 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian