Рим има нов „Принц“, Пелегрини потпиша нов договор со Рома

1 min read

По Франческо Тоти и Даниеле де Роси, Рома има нов „Принц“ на Рим. Иако овој прекар ќе биде резервиран само за Франческо Тоти, Рома уште еднаш покажа дека се грижи за своите „деца“, фудбалери кои потекнуваат од нејзината фудбалска академија и потпиша нов договор со Лоренцо Пелегрини.

Иако преговорите не поминаа лесно, на задоволство на тренерот Жозе Мурињо, 25-годишниот Пелегрини потпиша нов петгодишен договор, а притоа е исфрлена и откупната клаузула која изнесуваше само 30 милиони евра и поради која Рома можеше да остане без одличниот играч од средниот ред. Сериозен интерес за него во летниот преоден рок пријавуваа премиерлигашите Ливерпул и Тотенхем.

Според „Кориере дело Спорт“, Пелегрини со новиот договор ќе стане втор најплатен играч во Рома со годишна плата од четири милиони евра.

– Не можам да замислам подобар момент и чувство од ова. Благодарен сум и на управата, спортскиот директор Тијаго Пинто и тренерот Мурињо кои ме сметаат за важен играч за Рома. Ќе се обидам да возвратам на укажаната доверба со тоа што на теренот ќе давам 110 проценти од можностите – изјави Пелегрини, кој од оваа сезона е и капитен на Рома.

Лоренцо Пелегрини досега одигра 161 натпревар за Рома во Серија А и има постигнато 27 голови, а има и 36 асистенции. Во оваа сезона, Пелегрини во сите натпреварувања, на девет натпревари даде шест гола и има две асистенции.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Голем пожар синоќа во Рим, уништен Железниот мост

Следно

ФОТО | Ќе има нова сезона на „Преспав“: Ула и Коста ќе добијат деца?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian