Путин: Конструктивната соработка со Германија е во интерес на двете земји

1 min read

Развојот на конструктивна соработка помеѓу Русија и Германија и нивната заедничка работа кога станува збор за меѓународни прашања би биле корисни за жителите на двете земји, напиша денеска во телеграма рускиот претседател Владимир Путин до германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер по повод Денот на германското единство.

„Обединувањето на Германија стана важен историски настан што го означи крајот на Студената војна во Европа, како и почетокот на нова врска меѓу нашите земји”, се вели во телеграмата.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, рускиот претседател изразува уверување дека „развојот на конструктивна билатерална соработка во различни области ќе биде во најдобар интерес на рускиот и германскиот народ”.

Денот на германското единство се одбележува по повод обединувањето на Германската сојузна република со Германската демократска република во 1990 година.

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Најновиот филм на Питер Торнварт внесува освежување во хорор жанрот: „Крв-црвено небо“ го балансира хаосот со мајчинска нежност

Следно

Заев: Изјавата на Јанев ја прифаќам како позитивна порака, се движиме на добар пат во разговорите со Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian