Премиера на претставата „Дух“ во Охридскиот театар

1 min read

Охридскиот театар вечерва во 20:00 часот, во малата сала при Центарот за култура во Охрид, премиерно ќе ја изведе претставата „Дух“ од Дејан Дуковски, во режија на Сашо Миленковски.

Во претставата играат Горан Стојаноски, Јовица Михајловски, Верица Недеска, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Адријана Билаловиќ Тодороска, Елизабета Стефановска, Павел Маслов, Филип Кипровски и Митко Серафимоски. Сценографијата и костимографијата се  на Владимир Симоноски, а  кореограф е Татјана Узуноска Тренеска.

Репризата е закажана за утре , недела  ( 03.10. 2021 г.)  со почеток во 20:00 часот

Претставата ќе биде одиграна согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

Тешка сообраќајка во скопско Волково, се судрија „сузуки“ и автобус

Следно

Од 1950 година до сега, во Француската католичка црква имало илјадници педофили

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian