Почина поранешниот сопственик на Олимпик Марсеј, БернарТапи, човекот кој сакаше да ги подмити фудбалерите на Црвена звезда пред финалето во Бари

1 min read

Поранешниот сопственик на Олимпик Марсеј и поранешен политичар, Бернар Тапи почина на 78-годишна возраст, објави неговото семејство.

„Доминик Тапи и семејството со неизмерна тага објавуваат дека нејзиниот сопруг и татко, Бернар Тапи, утринава почина“, стои во соопштението кое го објави еден од синовите на Бернар, Стефан Тапи.
Како што јавуваат француските медиуми, Тапи ја загуби битката со ракот

Бернар и неговата сопруга Доминик, во април годинава се најдоа во центарот на вниманието на француската јавност кога крадци влегоа во нивниот дом и притоа физичките ги малтретираа сопружниците.

Животот на Бернар Тапи беше исполнет со бројни афери и контроверзи, а најпозната е таа од 1991 година кога пред финалето во тогашниот Куп на Европски шампиони (сегашна Лига на шампионите) сакаше да подмити неколку фудбалери на Црвена звезда која во финалето играше токму против неговиот Олимпик Марсеј.

Исто така Тапи во 2017 година се најде во фокусот на француската јавност откако Апелицаскиот суд во Франција му нареди да врати 404 милиони евра колку што  со одлука на арбитражниот суд му беа исплатени во спорот при продажбата на акциите на Адидас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шилегов: Скопјани да излезат на балконите и на улиците и да ги поздрават маратонците

Следно

ВИДЕО | Направете плазма коцки со путер од кикиритки, прсти ќе излижете

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian