Мицкоски од Карпош: Ни треба нова иднина и заеднички патриотизам

2 mins read

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Карпош порача дека на земјава и треба нова иднина.

Време е за победа, рече Мицкоски, а тоа значи, како што објасни, да се извиниме кога ќе згрешиме, да се почитуваме кога сме различни, да создадеме вредности и принципи, да има одговорност кога треба, да создаваме, да работиме и да одиме напред.

-Победа е да влеземе во ЕУ, младите да имаат европско образование, да патуваат, но повторно да се враќаат тука, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој уште еднаш се осврна на партискиот концепт што значи: промени, проекти и победи.  Зборуваше и за „заеднички патриотизам” – повеќе инвестиции, победа на криминалот и корупцијата, повеќе добро платени работни места,…

Обвинувајќи дека актуелната власт изминативе четири години не сторила ништо и не ги реализирала ветувањата, Мицкоски најави победа на локалните избори, а потоа и формирање, како што рече, владино мнозинство.

-Да покажеме дека може поинаку и подобро, дека вреди да се бориме против овие измамници и криминалци кои буквално ја опљачкаа и опустошија оваа земја. Само со големи чекори можеме да ги извадиме Карпош, Македонија и Скопје, истакна Мицкоски и ги повика жителите на Карпош да гласаат за кандидатите за гардоначалници, Оливер Зафировски и Данела Арсовска.

Мицкоски во обраќањето го спомна и Петре Шилегов.

– Изминативе денови, можеби сте виделе, на власта почна барокот да и се допаѓа, тој барок што го бојадисуваа, што го уништуваа. Ќе видите два билборда на паркингот на ПОЦ кај Македонска телевизија. Едниот е на Петре, отприлика како еден севернокорејски лидер од едната страна на градот да ја опфати, а другиот е на другата страна за нивниот мал Зоран, кандидат за градоначалник на Центар кој исто така наликува на еден севернокорејски лидер, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ својата предизборна програма претходно ја претстави во Куманово, а вечерва ќе одржи митинг и во општина Кисела Вода.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сознанијата за аферата „Пандора“ откриваат „големи светски играчи“ – меѓу нив и познати светски лидери и милијардери

Следно

МЗТ Скопје падна во Битола, Пелистер го доби првото големо дерби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian