Куман и покрај поразот во дербито, ќе остане на клупата на Барселона

3 mins read

Ниту најстарите навивачи на Барселона не се сеќаваат дека каталонскиот тим бил на толку ниски гранки како што е случај сезонава.

Барселона по осум кола се наоѓа на деветтото место на табелата во Ла Лига, во двата натпревари во во ЛШ доживеа два убедливи порази од по 0:3, но проблемот е што по заминување на Лионел Меси, екипата не игра добро и лесно ги губи натпреварите, по што и навивачите и медиумите се прашуваат кога тренерот Роналд Куман ќе добие отказ.

Но, според пишувањето на каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ кој е добро информиран за состојбите во Барселона, смета дека Роналд Куман нема причини за загриженост, барем не во блиска иднина бидејќи ја има поддршката од претседателот Жоан Лапорта и тоа од неколку причини.

Како прво, Лапорта не сака да биде претседател кој не го почитува својот тренер и кој лесно се решава од клупските легенди, нешто што Куман сигурно е. Претседателот сака стабилност. Второ, Куман пред натпреварот со Атлетико му кажа на Лапорта дека може да ги сврти работите кога ќе се вратат повредените фудбалери и претседателот му верува бидејќи имаат добри односи. Трето и најважно: Лапорта не сака да брза кога носи одлуки. Тој не смета дека Куман е идеално решение, но во овие моменти не може да најде тренер по негов вкус бидејќи никој не сака да ја презема екипата среде сезона. Поради тоа, Лапорта сака да направи терен за новиот тренер и да му овозможи да работи во најдобри услови“, пишува „Мундо Депортиво“ кој исто така додава дека проблемот не е само во Куман.

Претседателот е свесен дека проблемот не е само во тренерот туку и во играчите. Ново лице на клупата можеби нема да биде доволно, и најлошата работа која Лапорта би можел да ја направи е да донесе некого само за да го тргне Куман. Исто така, Лапорта сака да ги смири тензиите во клубот и околу него, а шестата причина поради која Куман ќе остане на клупата е бидејќи не сака да го потроши потенцијалниот нов тренер кој би можел да „изгори“ сезонава. Поради тоа, доколку се одлучи за нов проект, претседателот ќе го направи на крајот од сезоната“, додава каталонскиот весник.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дваесет и шест години од атентатот на претседателот Киро Глигоров

Следно

Митрофанова: САД сакаат да ја потиснат Русија од сите сфери на животот во Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian