Кралицата Елизабета ја покажа емотивната страна: Првпат зборуваше за принцот Филип по неговата смрт

2 mins read

Кралицата Елизабета Втора (95) првпат зборуваше за нејзиниот покоен сопруг во јавноста по неговата смрт.

Британската кралица отпатувала во Шкотска на свечаното отворање на парламентот во Единбург. Таа им се обратила на членовите на шкотскиот парламент на свеченото отворање на новата седница. Кралицата отишла да ги посети Шкотланѓаните кои беа препознаени по придонесот во заедницата во текот на пандемијата на ковид-19.

Kraljica Elizabeta otvorila sjednicu škotskog parlamenta

Фото: Профимедиа

– Денес е ден кога можеме да ги славиме оние коишто дадоа исклучителен придонес во животите на другите луѓе во Шкотска, локално или национално, за време на пандемијата на ковид-19. Веќе зборував за својата длабока и вечна наклонетост кон оваа прекрасна земја и за многуте среќни спомени што принцот Филип и јас нѐ поврзуваа за неа. Често се вели дека луѓето се тие коишто сочинуваат некое место. И има малку места каде што тоа е поголема вистина отколку во Шкотска, како што имавме можност да видиме во последно време – рекла емотивно кралицата, како што пишува „Дејли мејл“.

Таа додала дека и покрај тешките околности со кои многумина се соочиле во последните 18 месеци можело да се видат и безброј примери на издржливост и добра волја.

Кралицата пристигна на официјалниот почеток на седницата на шкотскиот парламент во придружба на принцот Чарлс и неговата сопруга Камила.

Vojvoda i vojvotkinja od Cornwalla

Фото: Профимедиа

Да потсетиме, принцот Филип почина на 9 април годинава на 99-годишна возраст, а познато е дека со кралицата водел исполнет живот. Неговата сопруга досега не зборуваше јавно за тоа, но му оддаде почит неколкупати на официјалните веб-страници на Бакингемската палата.

Фото: Профимедиа

Во бракот кој траеше повеќе од седум децении, принцот Филип ѝ беше јавна поддршка во значајните моменти за нацијата, а приватно личност која најдобро ја познаваше. Тоа бил брак заснован на љубов. Непосредно пред нивната венчавка, принцот Филип ѝ напишал на Кралицата мајка велејќи ѝ дека „се вљубил целосно и без двоумење“.

Повеќе од 70 години, биле единствената константа во животите на еден со друг и кралицата сигурно длабоко и темелно го чувствува отсуството на принцот Филип.

Никогаш претенциозни или отворено прикажувачки – нивната врска ќе биде запаметена како долговечна кралска љубовна приказна.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ивановски и Поп Арсова победници на Скопскиот маратон

Следно

Во француската Католичката црква идентификувани се речиси 3000 педофили, од 1950 до сега

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian