Ивановски и Поп Арсова победници на Скопскиот маратон

1 min read

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова се победниците на Скопскиот маратон кој денеска се одржа низ улиците на Скопје. Ивановски и Поп Арсова славеа во конкуренција од речиси 150 маратонци, а притоа успеаја и да постават нови државни рекорди.

Ивановски маратонот го заврши со време од 2:21.27 часа, втор беше Босанецот Младен Ставановиќ, а трет Давид Перлич од Германија , додека Поп Арсова маратонот го заврши со време од 2:40.36 часа, време кое беше за три минути подобро од второпласираната илвија Јукаила од Еквадор и Билјана Кираџиева.

Победник на машката полумаратонска трка беше Бугаринот Ценков кој славеше со време од 1:09.10 час, додека во женска конкуренција најдобра беше Милјана Ристиќ од Србија со време од 1.26.09 час.


 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев: Изјавата на Јанев ја прифаќам како позитивна порака, се движиме на добар пат во разговорите со Бугарија

Следно

Кралицата Елизабета ја покажа емотивната страна: Првпат зборуваше за принцот Филип по неговата смрт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian