Инфектолог сподели пет совети: Како да не се заразиме со сојот делта

4 mins read

Сојот делта на коронавирусот е позаразен од претходните мутации, поради што многу брзо се прошири низ светот. Д-р Ендрју Добсон, стручњак за интективни болести и професор по еволутивна биологија на Универзитетот Принстон даде пет совети како да не се заразите со оваа варијанта на ковид-19.

Вакцинирајте се

– Не можам доволно да нагласам колку е ова важно. Единствена алтернатива ако не се вакцинирате е да добиете сериозна болест или смрт од ковид, бидејќи оваа варијанта не е крај на пандемијата ниту крај на вирусот. Повеќето вакцинирани луѓе не развиваат тешка клиничка слика од сојот делта, а 99,9 отсто од луѓето немале реакција на вакцините – вели д-р Добсон, додавајќи дека иако вакцините се помалку ефикасни во спречувањето на инфекцијата со сојот делта, тие и понатаму значително го намалуваат ризикот од смрт.

Продолжете да носите маска

Професорот објаснува дека ако заразено лице се движи во близина на здраво лице без никаква заштита на лицето, поголеми се шансите да се пренесе заразата. Од друга страна, д-р Добсон истакнува дека носењето маска значително го намалува ризикот од заразување.

– Тоа е едноставна мерка што ве штити и вас и другите од инфекција. Генерално, се препорачува да носите маска секогаш кога излегувате од дома, а особено кога влегувате во некоја просторија. Носењето маска е добра навика којашто треба да ја имате во контекст на вирусот. Делта нема да биде последна варијанта, згора на тоа, новите ќе бидат сè повирулентни и позаразни – вели професорот.

Одржувајте физичка растојание

Колку што е можно избегнувајте близок контакт со луѓе. Д-р Добсон наведува дека помеѓу 50 и 60 отсто од новите случаи на ковид-19 се асимптоматски и дека токму тие асимптоматски случаи се најзаслужни за пренос на вирусот. Неговиот совет е и што е можно помалку да престојувате во затворени простории, а рестораните и ноќните клубови целосно да ги избегнувате.

– Колку и тешко да звучи ваквото жртвување, мора да направиме одредени промени во животниот стил за да останат здрави што е можно повеќе луѓе. Ако повторно се собирате, осигурајте се дека сите се целосно вакцинирани – советува професорот.

Намалете го патувањето

По толку време за борба против вирусот, ограничувања и сè, луѓето имаат потреба да патуваат, што е нормално. Меѓутоа, инфектологот предупредува дека при патување, без разлика дали со авион, такси или со превоз до аеродром и слично, постојат многу начини да се заразите.

Се разбира, некои патувања се неизбежни, но во такви случаи ќе ви помогне да носите маска, да држите растојание, редовно да ги миете рацете…

Слушајте ги експертите

Професорот предупредува дека луѓето умираат поради дезинформации, а тие дезинформации најчесто ги шират луѓе кои немаат никаква врска со медицината. Во оваа ситуација, кога целиот свет се бори против вирусот, здраворазумно е единствено да се слушаат стручните лица. Игнорирајте ги приказните за коронавирусот на сите оние кои не се стручни да зборуваат за тоа и верувајте им на лекарите, бидејќи тие дефинитивно имаат поточни и попрецизни информации отколку некој што има пристап до интернет.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рама предупредува: Албанија е загрозена од криза поради цените на енергијата

Следно

Франција и нејзиниот проблем со минатото, Алжир ја обвинува за геноцид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian