Гвардиола збесна, навивач на Ливерпул го плукна Шпанецот

1 min read

Големото дерби во Премиер лигата помеѓу Ливепрул и Манчестер сити приреди вистински фудбалски спектакл и заврши без победник 2:2, но црна дамка фрлија навивачите на „црвените“ и тоа по последниот свиреж на судијата.

Имено, веднаш по завршување на натпреварот, еден навивач на Ливерпул го плукнал стручниот штаб на „граѓаните“ по што Пеп Гвардиола буквално збесна.
Шпанецот некако успеа да се смири пред задолжитеното давање изјава по натпреварот.

– Сигурен сум дека Ливерпул ќе пронајде вистинско решение. Овој клуб е поголем од една личност, благодарение на Ливерпул историјата на фудбалот е поубава. Секогаш имаше некого кој не може да ги контролира емоциите и се случува вакво нешто – изјави Гвардиола.

Ливерпул експресно реагираше и најави истрага за инцидентот.
„Ливерпул веднаш ќе покрене истрага поради инцидентот. Им се извинуваме на сите поради тоа што се случи на „Енфилд“,соопшти Ливерпул.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Експлозии го потресоа главниот град на Авганистан, само неколку часа по нападот на џамијата

Следно

ФОТО | Улогата му донесе милиони, а во 2012 се пензионираше: Дејвид Карузо денес изгледа непрепознатливо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian