ФОТО | Страшната судбина на тројката разделена по раѓањето: Бизарен експеримент им го уништил животот

10 mins read

Тројцата браќа биле дел од експериментот на психологот Питер Б. Нојбауер, со цел да се следи развојот на децата кои растат во различни социо-економски услови, а резултатите од истражувањето не се познати.

Едвард „Еди“ Галанд, Дејвид Келман и Роберт „Боби“ Шафран се родени на 12 јули 1961 година и им се предадени на „Louise More Adoption Services“, организација специјализирана за посвојување деца. На шестмесечна возраст, тие беа поделени во три различни семејства, така што ниту едно од нив не знаело дека постојат уште две деца, сѐ додека двајцата браќа не се сретнале во студентскиот дом години подоцна, пишува „24.сата“.

Сѐ започнало да се отплетлува кога 19-годишниот Боби дошол на колеџот во округот „Саливан“ во Њујорк. Одвреме-навреме тој доживувал луѓето да му приоѓаат како да го познваат, а девојките го бакнувале и го поздравувале со „Здраво, Еди“.

Еден пријател ги поврзал конците и одлучил да го поврза со Еди, кој повеќе не бил во тоа училиште. Тој однел Боби на состанок после што откриле дека тој и Еди се родени истиот ден и дека двајцата се посвоени.

Tri identična stranca

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Работите станале уште почудни кога неколку месеци подоцна им се јавил третиот брат Дејвид, кој ја прочитал приказната за нив во весникот, бидејќи и тој бил бебе посвоено на 12 јули и изгледал исто како нив.

Станале медиумска сензација, гостувајќи во бројни емисии, вклучувајќи го и популарниот Фил Донах. Браќата се забавувале во ноќни клубови низ градот, бидејќи девојчињата насекаде ги препознавале.

Потоа, дури и кратко време живееле заедно Њујорк, отворајќи ресторан наречен „Троен романски стекхаус“ (Triplets Roumanian Steakhouse), кој го воделе заедно. Изгледало како никогаш да не биле разделени.

Меѓутоа, со текот на времето, разликите меѓу тројцата браќа станаа поочигледни и нивниот однос се иксомплицирал. Иако откриле многу сличности во нивните животи, тоа честопати било причина за лутина.

На пример, Дејвид и Боби како момчиња го делеле истиот проблем со видот: амблиопија, состојба во која мозокот и окото не се синхронизирани, што доведува до мрзеливост на окото. Но, само Дејвид се лекувал од таа болест, што го налутило Боби, бидејќи доколку живееле заедно, можеби и тој ќе се лекувал.

Нивните животи всушност поминаа со голема доза на лутина поради судбината што ги снашла, откако нешто што започнало како чудесна бајка – приказната за тројца одамна изгубени браќа – се претворила во мрачна приказна за измама и нечовечност.

Поради тоа, сите тројца со години се борат со проблеми со менталното здравје.

Tri identična stranca

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Имено, филмот открива дека дури во 1994 година било откриено дека момчињата намерно биле разделени и посвоени во различни семејства. Тие биле вклучени во експериментална студија на психијатрите Питер Б. Нојбауер и Виола В. Бернард, спонзорирана од Еврејскиот управен одбор, а која вклучувала повремени посети и проценки на момчиња, при што родителите или посвоителите никогаш не ја откриле целта на таквото следење на децата.

Боби имал богати родители – адвокати, Еди имал стандардно воспитување од средната класа со родители-наставници, додека Дејвид беше израснат од родители-имигранти со англиски како втор јазик.

Откако било откриено дека се разделени како бебиња, нивните родители имале бројни прашања за тогаш веќе непостоечката агенција за посвојување „Луиз Вајз“, но агенцијата првично се бранела велејќи дека е полесно да се најдат посвоители за еден отколку да се сместат три деца во едно семејство.

Дури во 1994 година било откриено дека научниците намерно разделиле три бебиња во таен експеримент, откако другите разделени близнаци почнале да ги пронаоѓаат своите исчезнати браќа или сестри.

Идејата за експериментот била да се тестира тезата за влијанието на природата врз близнаците кои растат во различни социо-економски услови, со цел да се види во какви луѓе ќе израснат. Резултатите од студијата никогаш не биле објавени и останаа запечатени до ден-денес. Сепак, асистентот на д-р Нојбауер, кој разговарал со авторите на документарецот, заклучува дека имало шокантни заклучоци во врска со однапред одредено однесување, наследени манири и слични судбини.

Исто така, постојат сомневања дека студијата истражувала колку се наследни проблемите со менталното здравје, а повеќето од нив страдале од различни дијагнози.

До денес, не е познато колку други деца посвоени преку агенцијата не се свесни дека имаат близнаци.

На Еди му било тешко да се справи со животот како дел од „тројката“. Тој признал дека се чувствувал дека неговиот живот и мисли веќе да не се целосно негови или единствени. Страдајќи од манична депресија, тој извршил самоубиство во 1995 година, на 34 -годишна возраст.

Односот помеѓу Дејвид и Боби во еден момент станувал сѐ понапнат, извесно време биле во кавга, но сега се во многу подобра врска.

Боби е адвокат кој работи во Бруклин, Њујорк, дејствува како практичар и консултант за клиенти. Но, по несреќата што ја претрпел во 2011 година, работи со скратено работно време. Тој и неговата сопруга имаат две деца, синот Брендон и ќерката Елиса.

Дејвид работи во продажба на осигурувања, особено здравствено и животно осигурување, во Њу Џерси. Тој исто така има две деца, ќерките Али и Рејна.

Tri identična stranca

Фото: Профимедиа

И двајцата биле многу оптоварени со експериментот којшто бил изведен на нив и фактот дека никогаш не дознале за што служи, а откако сѐ било откриено, многумина заработиле на нивната приказна.

Повеќето медиуми им се обратиле со тезата дека сакаат да ја „раскажат својата животна приказна“,  правејќи го тоа сензација што ги крена читањето и гледаноста, а притоа без да помогнат во расветлувањето на позадината на случајот.

Како резултат на тоа, на режисерот му биле потребни цели четири години за да ги убеди воопшто да учествуваат во документарецот.

Како резултат на нивното учество во филмот, на виделина излегле многу нови информации, пишува „ЛА тајм“. Петар. Б. Нојбауер, кој го предводел експериментот врз деца, починал во 2008 година без никоваш јавно да зборува за своите наоди. Сѐ што е поврзано со истражувањето го оставил на Универзитетот Јејл, каде што тоа ќе биде затворено до 2065 година, веројатно така што секој предмет од неговото проучување би бил мртов пред да можат да пристапат до него.

Пристапот до овие документи го контролира Еврејскиот комитет за семејни и детски услуги, организација која е еден вид наследник на организациите што помогнале во основањето на Нојбауер центарот за развој на детето во 1947 година.

Сепак, откако Вардл го започнал истражувањето за снимањето на филмот, еврејската администрација сепак им дала пристап на Келман и Шафран до околу 10.000 страници од истражувањето. Имало некои интересни наоди, како што е откривањето на амблиопија, но повеќето страници беа силно изменети и немало официјални заклучоци.

Интересно е дека портпаролот на Еврејскиот комитет во соопштението рекол дека нивното здружение „не ја поддржува студијата спроведена од Нојбауер и длабоко жали за она што се случило“. Истакнале дека ја препознаваат храброста на поединците што учествувале во филмот и се благодарни што тоа отвора можност за јавен поглед на филмот. Тој додал дека ќе остане посветен на отворањето пристап до неговата евиденција за сите луѓе вклучени во студијата на благовремен и транспарентен начин.

Инаку, кога браќата првпат дознале за студијата, се консултирале со адвокат дали можат да направат нешто за некој да плати за она што им го направиле, но им беше кажано дека случајот е застарен и дека може да се покаже како проблем.

– Податоците беа собрани, но резултатите никогаш не беа објавени и дојдовме до точка во која сме сигурни дека сето ова всушност не довело до никакви резултати. И која била целта на сето ова? Сите овие набљудувања, собирање на сите овие податоци, а без заклучок? – прашува Роберт.

„Не сакам да си играм со фактот дека денес ние сме ужасно повредени луѓе – имаме семејства, имаме деца и живееме релативно нормално. Но, тие нѐ третирале како да сме лабораториски стаорци. Ништо повеќе од тоа. А, ние сме човечки суштества“, рекол тој еднаш за „ЛА тајм“.

„Метро“ неодамна им посвети приказна во рамките на Месецот на посвојување, а документарниот филм „Три идентични странци“ од 2018 година во режија на Тим Вардл, во кој тој ги опишува нивните животи, сега е достапен на „Нетфликс“.

Tri identična stranca

Фото: Профимедиа

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Здравко Мамиќ останува во БиХ, нема да биде екстрадиран во Хрватска

Следно

Меркел повика на посветеност кон демократијата на Денот на германското обединување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian