ФОТО | Ќе има нова сезона на „Преспав“: Ула и Коста ќе добијат деца?

1 min read

Обожавателите на серијата „Преспав“ добија доказ кој посебно ги израдува. Популарната ТВ-серија ќе добие ново продолжение – шесто по ред.

Имено, на фејсбук-страницата и на инстаграм-профилот на „Преспав“ е објавено дека за новата сезона во тек е пријавување за кастинг на две момчиња.

Се бараат две момчиња за улогите на Ѓоко и Боко кои ќе бидат во новите продолженија на серијалот.

„Драги преспавци, имаме многу убави вести. Ги бараме Ѓоко и Боко, две палави момчиња на возраст од 6 до 9 години кои ќе добијат улоги во вашата омилена ТВ-серија „Преспав““, објавија од „Преспав“.

Останува прашањето: „Која ќе биде улогата на новите ликови Ѓоко и Боко?“. Меѓутоа, судејќи според фотографијата покрај објавата за кастингот на две момчиња, обожавателите веќе типуваат дека тоа ќе бидат синови на Коста и Ула.

Во 2020 година со 20-та епизода заврши петтата сезона на серијата „Преспав“ која ја освои македонската публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Преспав (@pansionprespav)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рим има нов „Принц“, Пелегрини потпиша нов договор со Рома

Следно

Шилегов: Скопјани да излезат на балконите и на улиците и да ги поздрават маратонците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian