Заев од Виница: Им покажавме каде им е местото на тие што не делеа на важни и неважни – во минатото

1 min read

„СДСМ како што не ги дели луѓето, не ги дели ни општините. Нема мали и големи општини, поважни и помалку важни. Тоа беше во други времиња, кога режимот одлучуваше. На тие кои делеа на големи и мали, на важни и неважни им кажавме каде им е местото, сакавте во минатото, седете си во минатото“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Виница.

Тој додаде дека кандидатите на СДСМ и коалицијата имаат модерна и европска понуда, додека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се одлучија да кандидираат кадри на режимот, со што се разобличува нивната идеја за некаква нова иднина.

„Нашите кандидати се гарант дека Европа ќе ја живеете во својот сокак, во своето маало, во општината, во градот. Како што ние на централно ниво ја европеизираме државата, така нашите кандидати на локално ниво ќе ги европеизираат општините. Тоа е разликата меѓу нас и нив“ рече Заев.

Тој додаде дека никогаш претходно не се инвестирало во општините вака, со рамномерна грижа за сите општини и региони.

„За 4 години изградивме 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти на полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на културата, театри, општински згради. Наследивме општини заглавени во долгови, но започнавме промена кон подобро и работиме на најдоброто“, додаде Заев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Град со големина на јајце столчи делови од Уругвај

Следно

Димитријевиќ втор стрелец во новиот триумф на Валенсија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian