Во Србија над 6.400 новозаразени, коронавирусот однесе уште 51 жртва

1 min read

Во изминатите 24 часа, во Србија се регистрирани 6.412 нови случаи на Ковид-19, а починал уште 51 пациент, соопштија здравствените власти. Тестирани се 19.752-ца луѓе.

Во српските болници се лекуваат 6.410 пациенти, што е за 49 повеќе отколку вчера. 253 болни се приклучени на респиратор, се вели во дневниот извештај.

Над 950.000 луѓе се заразиле со коронавирусот во земјата од почетокот на пандемијата.

Премиерката Ана Брнабиќ денеска изјави дека седница на Кризниот штаб ќе се одржи идната недела. Таа рече и дека не верува во рестриктивните мерки, бидејќи смета дека вакцинацијата е единствен излез од кризата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија ќе биде домаќин на две Европски првенства

Следно

Интервју со дизајнерот Драган Христов: „Лудус“: Современа безродова мода наспроти очекувањата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian