Во Франција фатени 700 килограми кокаин скриен во камион со ракчиња

1 min read

Француската полиција пресретнала камион со околу 700 килограми кокаин, скриен меѓу дваесет тони ракчиња на северозападот на земјата.

Како што пренесуваат странските агенции, две лица се приведени во акција кај Ле Авр.

Полицајците го запреле камионот додека излегувал од пристаништето.

Меѓу кутиите со ракчиња од Екватор, пронајдени се 11 вреќи со вкупно 687 килограми кокаин, во вредност од повеќе од 40 милиони евра.

Еден од четворицата осомничени е приведен, а останатите се во бегство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Опожарен Голф во двор на скопјанец

Следно

Поради слаб интерес, повторно затворен најголемиот пункт за вакцинација во „Борис Трајковски“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian