ВИДЕО | Мобилизација, па инвазија: „Комити“ спремни, Илинден навива за Вардар

1 min read

В недела (3 октомври) со почеток од 15.00 часот во шестото коло од Втората лига – Запад составот на Вардар му гостува на Кадино.

Главен судија на овој натпревар ќе биде Влатко Илиоски (Прилеп), додека ќе му помагаат Иле Мишески (Прилеп) и Александар Ѓурковски (Куманово).

Моментно на табелата после пет кола Вардар е на шестата позиција со пет бодови, колку што има и Кадино на седмото место.

Комитска екипа од Илинден – Кадино повика на мобилизација за неделниот првенствен натпревар против локалниот второлигаш ФК Кадино..

– Почит за лoкалниот клуб, но Вардар обединува од Илинден до Ѓорче, од Скопска Црна Гора до Драчево. Вардар е срцето на Скопје! Вардар е душата на Македонија! – објавија „Комити“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Гвинет Палтроу како „од мајка родена“

Следно

Само да поминат изборите кај нас и кај вас и дијалогот ќе добие нова смисла, ни порача бугарскиот премиер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian