Силно невреме со жесток град погоди делови од Уругвај во четвртокот, во сојузните држави Ривера и Рио Гранде до Сул, јавија локалните медиуми.
Во делови од Ривера градот имал големина на јајце и целосно го столчил земјоделскиот род, велат извештаите, додека снимките најдобро ја покажуваат силата на невремето.
Градот предизвикал штети на покриви од куќи и на автомобили, а нема информации за повредени луѓе.