ВИДЕО: Дортмунд на минус еден од Баерн, „милионерите“ можат и без Халанд

1 min read

Денеска во рамките од седмото коло во најсилното германско првенство составот на Борусија Дортмунд го совлада Аугсбург на „Сигнал Идуна Парк“ со 2:1.

„Милионерите“ настапија без својата прва ѕвезда Ерлинг Халанд поради повреда, но и без Норвежанецот успешни беа играчите на тренерот Марко Розе.

Домаќините поведоа во 10 минута со голот на Гереиро од пенал, израмни Зеќири во 35 минута, а на стартот од вториот дел конечниот епилог го постави Брандт (51`).

Моментно на табелата Дортмунд заостанува само еден бод зад водечкиот Баерн кој својот натпревар ќе го има в недела против Ајнтрахт Франкфурт.

Се одиграа уште три меча оваа рунда, Херта со 1:2 дома загуби од Фрајбург, Штутгарт со 3:1 беше подобар од Хофенхајм, а Борусија Менхегладбах триумфираше над Волфсбург (1:3).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Луѓето се сомневаат околу мојата пресуда, вели Саркози откако го казнија со една година затвор

Следно

ФОТО | Сончев ден во сончевиот двор на Ленка Стојановска: И да е студено, само со еден поглед на оваа убавина сонце ќе ве огрее!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian