ВИДЕО: Да се знае кој е шампион, Суарез му се „одмазди“ на Куман

2 mins read

Фудбалерите на актуелниот шампион од минатата сезона Атлетико Мадрид вечерва ја совладаа Барселона во дербито на осмото коло во шпанската „Ла Лига“ со 2:0.

„Јорганџиите“ го решија прашањето на победникот против каталонскиот гигант уште во првото полувреме, а триумфот го потврди екс членот на Барса, кој му се оствари желбата да му се „одмазди“ на Роналд Куман, од кој беше буквално исфрлен од „Камп Ноу“.

Најпрвин Уругваецот беше асистент на првиот погодок во вечерашната средба на стадионот „Ванда Метрополитано“ во 23 минута, стрелец беше Томас Лемар, а во 44 минута постигна и гол за поставување на конечниот епилог.

На табелата Атлетико е на втората позиција со 17 бодови, колку што има и Реал Мадрид, со напомена дека „кралевите“ својот натпревар од ова коло ќе го имаат в недела на гости кај Еспањол. Барса која го претрпе првиот пораз сезонава во шампионатот е на деветтата позиција со 12 бодови.

Сега останува да се види дали Куман ќе „преживее“ и после овој меч, се наоѓа под огромен притисок поради можен отказ поради лошите резултати досега сезонава. Во изминатиот период се шпекулираше дека токму дуелот со Атлетико би можел да му биде последен на клупата на Барселона.

Но, претседателот на клубот од „Камп Ноу“, Жоан Лапорта во текот на денешниот ден пред ова дерби изјави дека не мисли така, дека без разлика на резултатот против Атлетико, Куман ќе продолжи да биде тренер на Барса. Тој има договор и управата се надева дека ќе може да ја врати екипата на победничкиот пат..

Денеска се одиграа уште три меча, Леванте без повредениот Енис Барди загуби од Мајорка (1:0), Кадиз ремизираше со Валенсија (0:0), а Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски претрпе пораз од Осасуна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски од Гостивар: Заеднички патриотизам е кога заеднички ќе ги победиме криминалот и корупцијата и ќе донесеме инвестиции

Следно

Поради „Скопски маратон 2021″ денеска дел од автобуските линии со изменет режим

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian