Василев: Доколку конекцијата на Бугарија со Грција беше готова, гасот ќе беше за 20 отсто поевтин, место да е 30 отсто поскап

2 mins read

Доколку гасната конекција меѓу Бугарија и Грција беше готова, природниот гас денеска ќе беше 20 отсто поевтин, место да е 30 отсто поскап, за БНТ искоментира поранешниот бугарски министер за финансии, Асен Василев, кој сега е еден од двајцата лидери на новата политичка формација „Промената продолжува“, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарската регулаторна комисија за енергетика и води ја зголеми цената на природниот гас на 94,54 лева (47 евра) за мегават-час, откако на европските пазари надмина 100 евра.

Василев потсети дека конекциската врска меѓу Бугарија и Грција што треба да биде алтернатива на рускиот гас, се градби 12 години и откако требаше да биде готова во јуни, сега е побарано ново одложување. Се притискаше изградбата на конекторот да се случи до крајот на 2021 година, но изведувачот побара ново одложување.

Василев тогаш кажа дека е напишано официјално писмо во кое се вели дека од 1 јануари ќе има казни од 90.000 евра дневно за доцнењето, додавајќи дека најтешките делници веќе биле изградени. Тој искоментира дека од вкупната потрошувачка од три милијарди кубни метри гас годишно, една милијарда може да дојде од Азербејџан по половина цена, а во моментов Бугарија добива помалку од 100 милиони кубни метри преку приклучокот кај Сидирокастро, главно користен за пренос на руски гас кон Грција.

Од почетокот на 2021 година, оваа конекција е двонасочна, по што поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов објави дека диверзификацијата на изворите на природен гас стана реалност.

Бугарската државна компанија „Булгаргаз” во моментов преговара со азербејџанската страна за зголемување на испораката на гас по овој алтернативен гасовод, додаде Василев.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интензивна викенд кампања за локалните избори

Следно

Дневен хороскоп за 2 октомври: Ќе продолжите да ја заведувате личноста на која ѝ фрливте око

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian