СИРИЗА поставува два услови за да го гласа Договорот за воена соработка меѓу Грција и Франција

1 min read

Договорот за стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Грција и Франција што во вторникот во Париз го потпишаа двете земји, веќе е доставен во грчкиот Парламент, а од СИРИЗА поставуваат два услови, односно корекција на два од членовите за да го поддржат договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

За СИРИЗА проблематични делот од Договорот што, според партијата, во него не ги вклучува морските економски зони одредени од меѓународното право, како и членот со кој се предвидува испраќање грчки војници во Сахел.

Според грчките медиуми,ова, го истакнал лидерот на партијата Алексис Ципрас на вчерашниот партиски состанок и побарал корекција на двата члена.

Од грчката опозициска партија, преку соопштение, бараат од Владата да одговори дали се согласува со условите што Алексис Ципрас ги постави за да го поддржи Договорот и прашуваат зошто морските економски зони не се вклучени и „дали Владата се согласува да се испраќаат грчки војници во француски мисии во Сахел?”.

Ципрас, за понеделник закажа заеднички состанок на политичкиот совет и пратеничката група на СИРИЗА.

Договорот, што меѓу другото вклучува и набавка на три модерни француски фрегати „Belharra”, а го потпишаа министрите за надворешни работи и одбрана на двете земји, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вчера беше доставен во грчкиот Парламент, во вторник ќе биде разгледан на надлежната комисија, а за четврток е планирана расправата и ратификацијата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Спасовски: Со готов награден проект, Куманово ќе добие модерен споен плоштад со подземни решенија и пешачка зона

Следно

„Утринско“ кафе со Лени Кравиц: Дали кафето е горко или слатко како неговите мускули?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian