Поради слаб интерес, повторно затворен најголемиот пункт за вакцинација во „Борис Трајковски“

1 min read

Најголемиот вакцинален пункт во Македонија во спортскиот центар „Борис Трајковски“, од синоќа е затворен поради намален интерес од страна на граѓаните за вакцинирање, а од Министерството за здравство велат дека доколку има потреба, тој повторно ќе биде отворен, објави ТВ21.

Од Здравство објаснуваат дека друга причина за затворање на овој пункт е тоа што просториите на центарот се потребни за други активности.

Во Скопје имунизацијата се врши во седум поликлиники. Во „Букурешт“, „Јане Сандански“ и Чаир се работи во две смени, а во една смена работат поликлиниките во Ѓорче Петров, Драчево, Ченто и Шуто Оризари.

Масовната вакцинација во салата „Борис Трајковски“ започна во април, а пунктот потоа беше затворен кон крајот на јули. Поради зголемувањето на бројот на граѓани кои пројавија интерес за вакцинација и со цел намалување на притисокот врз вакциналните пунктови во здравствените домови, вратите на салата „Борис Трајковски“ беа повторно отворени во август.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Франција фатени 700 килограми кокаин скриен во камион со ракчиња

Следно

Е. Пелистер и Пролет им се вратија на победите во ракометната Суперлига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian