„Ова е последниот танц со короната, сите ќе се заразиме“, предупредува директор од клиниката во Ниш

1 min read

Доколку сега не се реагира на драматичното ширење на коронавирусот, наскоро Србија ќе се соочи со ситуација во која „цела земја ќе се зарази“, вели заменик-директорот на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, д-р Радмило Јанковиќ.

Во изјава за „Телеграф“, тој вели дека овие денови се последните во кои би вредело да се преземаат радикални мерки, повикувајќи ги властите да спречат преголем притисок врз здравствениот систем поради огромниот број пациенти кои имаат сериозни симптоми. Д-р Јанковиќ вели дека овој бран на вирусот е „последниот танц со короната“, а Србија нема избор.

“Елементарната логика вели дека треба да се преземат ригорозни анти-епидемиски мерки, кои вклучуваат ограничување на движењето, спречување контакти и можност за физичко ширење на вирусот. Ограничувања на собири на јавни места во затворени простории, клубови, кафулиња, па дури и продавници, освен таму каде што има основни потреби. Се разбира, со преминот кон работа и настава преку Интернет“, вели Јанковиќ и додава дека тие мерки би имале ефект за 15 дена, бројот на заразени лица би почнал да се намалува.

Во Србија денеска се регистрирани над 6.400 новозаразени, како и рекорден број смртни случаи за оваа година – 51.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Бутел

Следно

ФОТО: Гвинет Палтроу како „од мајка родена“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian