Морничав крај на потрагата во Србија – пронајдени изгорените тела на тричленото семејство Ѓокиќ

1 min read

Телата на троцата членови на семејството Ѓокиќ, кое минатата недела исчезна без трага во близина на Алексинац, се пронајдени во атарот на селото Моравац, пишуваат српските медиуми повикувајќи се на извори во полицијата. Од утрово, кога беше пронајден нивниот запален автомобил, роднините на семејството, но и цела Србија, чекаа информација од властите да дознаат што се случило со тројцата членови на семејството: брачниот пар Горан (57) и Гордана (56) и ќерката Лидија (25).

Неколку часа подоцна, полицијата соопшти дека пронашла и тела, а дури потоа стигна потврдата дека тоа е семејството Ѓокиќ, по кое со денови се трага.

Местото на кое беа пронајдени телата / фото: БНТВ/принтскрин

Според „Блиц“, трите тела се пронајдени на непристапна локација во атарот на селото Тешица,изгорени и прекриени со лисја и гранки. Тешица се наоѓа во близина на селото Моравац, каде тричленото семејство било на гости минатата недела. Тие нешто по полноќ тргнале кон нивниот дом во Алексинац, но не стигнале дома и оттогаш им се губи трагата.

Нивниот автомобил беше последен пат снимен на надзорна камера во соседната Тешица, но дури по два часот ноќта. Целосна мистерија е што се случувало во 120-те минути откога тргнале кон домот во Алексинац.

На местото на ужасното злосторство се упати и министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Осасуна ја прекина победничката серија на Рајо и Димитриевски

Следно

Славчо Попоски прогнозира: По сончевите денови, пак ниски температури и дождови, еве од кога!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian