Луѓето се сомневаат околу мојата пресуда, вели Саркози откако го казнија со една година затвор

1 min read

Има многу луѓе кои изразуваат сомнежи околу пресудата која судот во Париз ја изрече против мене, рече поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој вчера доби казна од една година затвор за незаконско финансирање на кампањата за реизбор во 2012 година.

66-годишниот Саркози (66) ја коментираше втората пресуда против него оваа година во книжарница во Париз, каде денеска ја потпишуваше својата нова книга „Шеталишта“, која се фокусира на неговото книжевно и културно влијание, пренесува „Ројтерс“.

Саркози рече дека било трогателно, но и дека го охрабрило тоа што на денешната промоција на книгата се собрале стотици луѓе.

„Не можете да ги измамите луѓето“, изјави Саркози, кој и натаму е влијателен во конзервативните кругови. Тој беше осуден на 30 септември на една година затвор, но ќе одбегне да оди во затвор и ќе му биде ставен електронски уред, со кој казната ќе ја одлежи во домашен притвор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Ким Кардашијан и Канје Вест на вечера: Пријателски однос иако се сред развод

Следно

ВИДЕО: Дортмунд на минус еден од Баерн, „милионерите“ можат и без Халанд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian