Граѓаните ја сметаат понудата на СДСМ како најдобра, покажува анкетата на Стратум Р&Д

1 min read

Преку 27 отсто од граѓаните сметаат дека понудата на СДСМ на престојните локални избори е најдобра, а 24,7 отсто на ВМРО-ДПМНЕ, покажува последната анкета на агенцијата Стратум Р&Д објавена на „Макфакс“.

На прашањето за која советничка листа би гласање граѓаните доколку утре се одржуваат локалните избори, за листите на СДСМ би гласале 24,9 отсто од граѓаните, а 22,8 отсто за листите на ВМРО-ДПМНЕ.

По СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, следи Независна листа со 12,9 отсто, а нема да излезат на гласање 12 отсто од граѓаните. За ДУИ се определиле 10 отсто, за Алијанса на Албанците 9,3 отсто и други 1,7 отсто.

На прашањето која политичка партија на овие избори нуди најдобра понуда, за СДСМ се определиле 27,1 отсто, за ВМРО-ДПМНЕ 24,7 отсто, за Независна листа 13,4 отсто, за ДУИ 11 отсто, за Алијанса на Албанците 10 отсто, за Левица 6,5 отсто, Други 4,7 отсто, за ДОМ 2,6 отсто.

И според податоците од последната анкета на „Брима“ повеќе гласови има СДСМ и претседателот на партијата Зоран Заев.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џавид: Вработените во домовите за стари лица ако не се вакцинираат да си најдат друга работа

Следно

Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира доколку сака да ја брани титулата на „Австралија опен“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian