Голема потера по „кумот“ на Коза Ностра на Сицилија, Матео Месина Денаро

1 min read

Околу 150 припадници на италијанските специјални сили на Сицилија го бараат шефот на мафијата во бегство, Матео Месина Денаро.

Од вчера изутрина на островот се претресени десетици куќи што им припаѓаат на блиски соработници на мафијата.

Месина Денаро се смета за „кум“ на Коза Ностра во Сицилија, една од најголемите мафијашки организации во Италија. Тој во отсуство е осуден на доживотен затвор за убиствата на судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино, кои во 1992 година беа убиени во двата бомбашки напади, заедно со нивните телохранители, како и за други убиства.

Месина Денаро (56) е во бегство од 1993 година.

– Шефовите на мафијата може да ги напуштат своите родни градови, но еден ден тие дефинитивно ќе се вратат, изјави обвинителот за борба против мафијата, Федерико Кафиеро за радио „Раи 1“.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје, прочитајте кои улици ќе бидат затворени

Следно

Причината за експлозијата уште е непозната и по три недели од трагичниот настан во тетовската модуларна болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian