ФОТО | Спасовски: Со готов награден проект, Куманово ќе добие модерен споен плоштад со подземни решенија и пешачка зона

2 mins read

Куманово ќе добие целосно реконструиран плоштад со подземни сообраќајни решенија и пешачка зона најави денеска потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања. Според готовиот проект, опфатен во програмата за претстојните локални избори, предвидено е спојување на двата плоштади, целосна пешачка зона, зеленило, фонтани.

– Тоа е проект направен во мандатниот период 200-2005-та година, бев во тој тим и навистина ми е чест што имавме изработено проект за централното градско подрачје. Проектот зеде втора награда на архитектонски настан во Париз. Тоа значи спојување на двата плоштади, формирање на целосна пешачка зона и се спојуваат подземни сообраќајници, подземен влез од „Народна револуција” кон „Ленинова”, исто така влегување од „Моша Пијаде” и „Иво Лола Рибар” преку подземна сообраќајница. Тоа ќе значи дека сегашниот дел на сообраќајници ќе биде целосно пешака зона пред „скопски дуќани”, пред домот а култура, поврзан со овој плоштад. Во проектот се предвидени повеќе од 36 фонтани, многу зеленило, нов, модерен изглед, користење трајни материјали, рече Спасовски.

Фото: СДСМ

Проектот е готов, рече Спасовски и најави дека сите заедно преземаат одговорност да биде реализиран, разговарано е со кандидатот за градоначалник, Илиевски и лоцирани се финансиските средства, дел од општината, дел од проекти преку централниот буџет.

– Тоа ќе биде еден од првите проекти со кои ќе стартуваме. Многу е важно за Куманово да се работи со сериозен план, тоа значи да го менуваме изгледот на централното подрачје, а воедно да помагаме во реализација на проекти за населби кои денеска немаат инфраструктура, градба на водоводи, канализациски мрежи, асфалтирање на патиштата без да се става приоритет на еден или друг дел од градот, рече Спасовски.

Тој кажа дека ова е еден од проектите кои ќе бидат гордост на Куманово и ќе биде посакувано место за уживање на граѓаните.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов упад со рекордни 38 кинески авиони во тајванската зона за воздушна одбрана

Следно

СИРИЗА поставува два услови за да го гласа Договорот за воена соработка меѓу Грција и Франција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian