ФОТО | Шахпаска: Малиот групен дом во Берово е успешна приказна за децата без родители и родителска грижа

2 mins read

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска беше во посета на малиот групен дом (МГД) во Берово, кој е прв од таков вид во нашата држава. Во моментов во него се згрижени четири деца, а за нив се грижи тим од 3 стручни лица (едукатори) и две негователки. Стручните профили на едукаторите се: специјален едукатор и рехабилитатор, социјален работник и одделенски наставник.

– Малиот групен дом во Берово функционира како куќа на децата со нивните едукатори и негователи, во вид на семејно опкружување, и остварува соодветна квалитетна грижа за децата надвор од нивните биолошки семејства. Крајната цел на работата со децата од Мал групен дом е изградба на општествено корисна личност која ќе биде целосно социјализирана и интегрирана во општествените текови на модерното живеење. Оваа цел пред се се остварува со долг, стабилен и топол однос од страна на едукаторите кон корисниците и континуирано работење и следење на децата”, истакна министерката Шахпаска.

Фото: Министерство за труд и социјална политика

Значењето на улогата на стручните лица во групниот дом е голема. Се посветува особено внимание на градење на добар меѓусебен однос помеѓу децата и на релација едукатор – дете. Преку индивидуална работа се поттикнуваат талентите на децата и се откриваат нивните интереси, се детектираат и се работи на отстранување на пропустите од интелектуален и емоционален катактер. Истовремено , се создава чувство на припаѓање и заедништво, а во таа смисла се организираат заеднички посети на културни манифестации во градот и пошироко, како и учество на спортско-рекреативни активности.

– Малиот групен дом , како вонинституционална форма на згриживање на деца без родители и родителска грижа, се покажа навистина успешен. Продолжуваме со деинституционализацијата како процес и кај лицата со попреченост во форма на живеење со подршка, рече министерката Шахпаска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Катар почнаа првите парламентарни избори, помалку од 10 отсто од граѓаните имаат право на глас

Следно

Кристијан Ериксен е најплатен фудбалер во Интер, но мора да го промени клубот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian