ФОТО: Гвинет Палтроу како „од мајка родена“

2 mins read

Актерката Гвинет Палтроу повторно се сликаше во разголено издание за објава за својот 49-ти роденден.

Гвинет Палтроу создава нов тренд на фотографирање носејќи го само „аутфитот во кој сме се родиле“ за својот роденден, кој несомнено е одличен начин да се прослави животот со почит кон сопственото тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

Откако минатата година за роденденот објави фотографија каде среќно позира во природа без облека, оваа година го продолжи трендот на сличен начин.

Овогодинешната роденденска објава на славеничката е фотографија каде таа лежи во када, повторно без облека, и со едноставен наслов од „емоџи“ од еклипса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

Во сосема поинаква објава, наменета како роденденска честитка за актерката, нејзиниот сегашен сопруг Бред Фелчук сподели фотографија од Гвинет со убави зборови за тоа колку прекрасна личност е.

„Двете работи кои навистина се одвојуваат е дека таа забележува. И таа дејствува. Многу луѓе забележуваат без да дејствуваат… А многу луѓе и дејствуваат без да забележат.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @bradfalchuk

„Во ништо друго освен мојот роденденски костум денес… Многу ви благодарам на сите за роденденските честитки и благодарам на „goop“ за ненормално одличниот нов путер за тело на брендот кој направи да мислам дека сеуште можам да се разголам“, напиша Гвинет минатата година кога наполни 48 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

Објавата се закити со коментари и честитки од славни личности како Кортни Кокс и Ешли Грем, а најзабавен беше коментарот од нејзината 17-годишна ќерка Епл која едноставно напиша „МАМО“.

Путерот за тело кој Гвинет го спомна во својата објава беше лансиран токму во нејзина чест на нејзиниот роденден минатата година. Оваа година тие ја почестија со објава на нејзиниот омилен рецепт за „нечисто мартини“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by goop (@goop)

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Ова е последниот танц со короната, сите ќе се заразиме“, предупредува директор од клиниката во Ниш

Следно

ВИДЕО | Мобилизација, па инвазија: „Комити“ спремни, Илинден навива за Вардар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian