ФОТО | Болката не стивнува и пет години по загубата: Елена Ристеска со емотивна објава во спомен на нејзиниот татко

2 mins read

Загубата на родител е најтешката ситуација со која се соочува еден човек и колку и да поминува време, празнината што останува не може да биде пополнета. Пејачката Елена Ристеска го загубила татко ѝ во 2016 година по борба со тешка болест.

Елена честопати споделува нешто во негов спомен. Овој пат пејачката со болка се присетува на последениот поздрав со нејзиниот татко.

На овој ден пред 5 години беше нашиот последен поздрав со твоето тело, но душата твоја не’ напушти на 29ти. И секогаш мислев дека на денот на починувањето ќе ми биде најтешко и секој следен таков датум, ама потешки се деновите кои доаѓаат после тој ден. „Полни“ се сите денови со празнина. Ќе рече некој душите не не’ напуштаат, не знам колку е вистина тоа ама мене ми е единствената утеха со која одбирам да живеам. Не сакам да прифатам дека те нема , ама максимум што можам да прифатам е да мислам дека си некаде далеку во друга држава и дека ти е најубаво, дека затоа не си тука. Знам дека си горд на мене и дека се’ гледаш и се’ слушаш и знам дека уште повеќе беше горд кога пеев и нижев успеси со музиката,но само ти можеш да ме разбереш кога душата ми тагува и не и’ е до песна, и кога целиот предизвик, елан и мотивација ќе ти избегаат некаде далеку. И затоа полесно ми е да работам нешто друго а не музика. Ама ветувам пак ќе пеам како некогаш , ти го должам тоа тебе за да се гордееш од горе и секако на тие кои ме сакаат. Ти напишав јас песна, ама кога ќе соберам храброст и сила ќе ја објавам… Не постои љубов како твојата Тато, стои во емотивната објава на Елена Ристевска во спомен на нејзиниот татко.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кристијан Ериксен е најплатен фудбалер во Интер, но мора да го промени клубот

Следно

Шилегов и се заблагодари на Данела Арсовска која ги потврди проектите реализирани од него (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian