Феникс 2010 полета успешно, историска победа во Првата кошаркарска лига

1 min read

Дебитантот Феникс 2010 славеше минимален триумф (70:68) против Навико Академија ФМП на стартот од јубилејната 30 сезона во Првата македонска кошаркарска лига.

Гостите од Кисела Вода ја добија првата четвртина со (25:18), но вистински превсрт се случи во текот на вториот период во кој домаќините, предводени од Морган (10 поени) и Митревски (два помалку), комплетно ја сменија и играта и резултатот. Ја добија втората четвртина со двоцифрени (19:9), и до истекот на првото полувреме, изградија предност од пет поени (37:32).

Потополно рамноправно се играше во вториот дел. Минути во кои во најголем дел Феникс 2010 ја имаше оваа предност од пет поени. Така беше и на истекот на третата четвртина (56:51).

Многу подраматични беа последните минути од играта. При резултат (65:65), клучната тројка, се чини, ја погоди Американецот Морган, за плус од три поени (68:65), кој ФМП не успеа да го стигне иако при резултат (69:68), нивниот најдобар играч Крстајиќ погоди една неверојатна тројка за (69:68).

Во последните 10 секунди, гостите добија уште една шанса, откако Американецот Џонс беше половичен од линијата за слободни фрлања. Но, иако имаа неколку обиди, не погодија за нерешено и продолжение од пет минути.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

486 нови случаи на ковид-19, седуммина пациенти починале во изминатиот ден

Следно

ФОТО | Ким Кардашијан и Канје Вест на вечера: Пријателски однос иако се сред развод

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian