Е. Пелистер после поразот во дербито од Вардар 1961, денеска забележа триумф во ракометната Суперлига од петтото коло дома убедливо над Радовиш со 42:22.
Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола домаќините после првите 30 минути водеа со 19:10.
Кај стрелците во триумфот Граџан осумпати се запиша во листата на стрелците, а еден погодок помалку имаше Мараш.
На спротивната страна за Радовиш осум голови постигна Вујниќ, а пет забележа Мехиќ.
На победите во шампионатот им се врати и тимот на Пролет кој со 31:26 го совлада Тиквеш. Во победничките редови Андоновски беше најдобар стрелец со шест голови, Голубовиќ додаде пет.
Се одиграа уште две средби, Охрид триумфираше над Скопје 37:25, а вториот тим на Е. Пелистер со 30:25 беше подобар од Прилеп.