Браќата Митровски влегоа во историјата на ФИБА натпреварувањата

1 min read

Македонските судии со знакот на ФИБА, Зоран и Игор Митровски ќе останат запишани во историјата на европските кошаркарски натпреварувања како први браќа кои ја делеле правдата на еден официјален натпревар на ФИБА.

Овој историски момент се случи синоќа, во Софија, на средбата Ираклис-Трефл-Сопот.

Последна, финална од квалификацискиот турнир од групата „Б“, за пласман во групната фаза од ФИБА Еврокупот.

На овој меч, кој патем речено заврши со минимална победа на тимот од Грција, друштво им правеше турскиот арбитар Мехмет Сахин, додека во улога на делегат беше Србинот Драгутин Илиќ.

Во продолжение можете да ги погледнете сите формирани групи во ФИБА Еврокупот во регуларната сезона 2021/2022..

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И Сојузот на извидници се огради од Прв скопски извиднички одред

Следно

ВИДЕО | Тања и Предраг прославија 26 години брак: Со песна во дует ги поздравија своите фанови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian